Борко Ристовски ниту утрово не го пропушти својот тренинг. Не му пречеше ниту снегот на Водно, но од таму испрати важна порака до македонските граѓани.
-Завршувам со мојот утрински кардио-тренинг, во самоизолација на Водно. Мора сите да останеме здрави за да го победиме овој вирус. Затоа мојата порака е: „Останете здрави, вежбајте секаде каде што можете да вежбате, меѓутиа во изолација и да не го заборавиме најважното – да помогнеме на македонската економија, купувајте македонски производи“, порача тој.