Борко Ристовски: Пред секој натпревар и се јавувам на баба ми

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски, набргу ќе го добие своето прво дете. Синот ќе се вика Душан како неговиот покоен татко.

– Предлогот за името беше мој, а Николина го прифати. Мојот покоен татко се викаше така. Сакавме во името на нашиот син да има симболика, значење, вели Борко во интервју за „Репортер“.

Тој открил интересен факт за неговите ритуали кои ги практикува пред натпреварите, а нешто што редовно го практикува е да и се јави на неговата баба.

– Можеби е малку смешно, ама го правам тоа во последниве 10-12 години, изјавил Ристовски.