Борко Ристовски, голманот на македонската ракометна репрезентација стана татко, му се роди синот Душан

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, вчера стана татко.

Неговата сопруга, Нина Ристовска вчера на свет го донесе нивниoт син, Душан. Името го добило, по својот дедо, таткото на Борко.

Таа оваа убава вест ја споделила со своите фанови на Инстаграм, каде и го покажала бебето.

„02.04.2018 Душан Ристовски се роди. Јас сум најсреќната жена на светот. Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка, мое мало лавче. Не постојат зборови со кои можам да ги искажам своите чувства. Те сакам драг тато“ –вака напиша Нина на својот профил.