„Борис Трајковски“ прераснува во модерен булевар (ФОТО)

Привршуваат градежните работи за проширување на третиот дел од булеварт „Борис Трајковски“, денеска објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

 

Старата улица „Првомајска“, која беше синоним за гужви и метеж на сообраќајот, веќе е минато. Пред нас е ново и модерно сообраќајно решение. Булевар со вкупна должина од 2,5 километри, со четири коловозни ленти, со тротоари и велосипедска патека, со ново осветлување и нова атмосферска канализација. Токму онаков каков што заслужуваат жителите на Кисела Вода, Центар, Драчево и сите останати жители кои се обраќаат по оваа прометна сообраќајница.

Со проширувањето на вториот дел булеварот доби четири коловозни ленти, широки по 3,5 метри. Коловозот е асфалтиран со полимеризиран асфалт-бетон, на површина од околу 16.000 метри квадратни, а уредени се и две семафорски крстосници.

Првата делница од проширениот и реконструиран булевар „Борис Трајковски“, од „Рампа“ до крстосницата со улицата „Народни херои“ во должина од 1.380 метри, беше завршена во октомври 2012 година.