Бори се за твојата бајка, затоа што таа навистина постои

Додека растевме, ние ги гледавме најпрекрасните филмови за принцезата која го наоѓа својот принц и живејат среќно до крајот на своите животи. Но, да бидеме искрени, тоа не е реалноста.

Вистинскиот живот не е распослан со рози, розеви очила и јагоди.

Како и секој друг филм или приказна која сме ја гледале, мора да има некаков вид на конфликт или морална дилема за да вреди да се гледа. И таков е и вистинскиот живот.

Вистинските бајки ќе бидат полни со оние работи по кои сме копнееле. Но, тие исто така ќе бидат полни и со реалноста.

За да ја најдеме вистинската љубов и да ги живееме магичните бајки кои толку ги посакуваме, мора да ја прифатиме вистината.

Едноставната вистина е дека вашиот принц на бел коњ е некаде по светов, но тој нема да дојде на бел коњ, тој можеби нема ни да има автомобил.

Вашиот принц нема да има прекрасен замок, тој можеби не ни живее сам.

Ќе имате сметки за плаќање и извинете, ама и двајцата ќе треба да ги плаќате.

Многу работи ќе бидат различни од бајките на Дизни. Но, ќе биде совршенство самото по себе и на свој начин.

Еден од најважните работи при наоѓањето на вашата бајка е да го изберете правиот човек. Треба да најдете некој кој ќе биде добар сопруг, а не некој тип кој глуми дека е принц на бел коњ.

И не се задоволувајте со помалку. Вие сте прекрасни, убави и ја заслужувате реалната бајка на вашиот живот.