Бори се за неа!

Таа е прекрасна жена – силна, вистинско ремек-дело.

Таа знае која е. Таа знае што и треба.

И нема да поднесе ни една врска полна со полу-вистини.

Таа не само што сака, таа ја бара вистинската работа. Вистинска, сочна љубов – партнерство коешто ќе трае. Нема да се задоволи со ништо помалку. Ако ја сакаш, ако барем малку се грижиш за оваа прекрасна жена, ако те поттикнува да ја наречеш своја, тогаш застани, покажи ја твојата прекрасна душа...

... И БОРИ СЕ ЗА НЕА!

Бори се за неа, со целото твое срце.

Кажи и колку се грижиш, колку го цениш тоа што е во твојот живот.

Биди со неа во среќа, смеа, болка и загуба. Стои си на зборот. Јави се кога ќе кажеш дека си се јавил. Биди тука кога ќе кажеш дека ќе бидеш тука. Биди тука со твоето отворено срце. И да, таа со гордост ќе го направи истото за тебе.

Таа заележува кога кажуваш прекрасни и романтични работи, но никогаш не ги претвораш во дела. Таа забележува кога ги избегнуваш прашањата за вашата иднина. И таа знае која е. Кога ќе ги затвори очите, кристално јасно гледа како сака да изгледа нејзиниот живот.

Дали ти се вклопуваш во таа иднина?

Ако одговорот е ДА, тогаш бори се за неа. Бори се со искреност, ранливост, со твоите чувства, потреби и надеж.

Таа може да продре низ празните ветувања, несигурноста и манипулациите. Таа не е заинтересирана за партнери кои велат дека се реални, но преку рамнодушноста и апатијата го покажуваат своето лице како играчи и емотивно недостапни суштества.

Таа толку многу пати паднала на истите трикови и веќе добро ги препознава од километар. Таа пречесто се давала себеси и своето срце на луѓе кои не знаеле како да ја држат и кои ја отфрлале како парче облека.

Но, не повеќе.

Па затоа, ако не можеш да бидеш тука за неа, ако не можеш да се потрудиш, ако планираш да ја мавташ – таа ќе си замине. Таа се цени себеси. Таа знае каде е вратата, таа не се плаши да ги искористи своите нозе и да си замине и никогаш да не се врати. И не, не е празна закана, туку реалност.

Но, ако сакаш нешто вистинско, тогаш бори се за неа. Биди маж.

Бори се за неа пред да е предоцна, затоа што ќе има момент на часовникот кога ќе ти покаже дека е предоцна. Не туку седи како муле, кревајќи ги рамениците, надевајќи се на најдоброто, молејќи се да не замине.

Биди маж и бори се за неа.

Бори се со целото срце.

И тогаш и таа ќе се бори страствено за тебе.