Борбата со бесправните сечи продолжува

Во акција на шумочуварската служба на ЈП Национални шуми - ПШС"Лопушник” – Кичево , на 13.08.2020 година, запленети и одземени се нелегално посечени дрва од непознат сторител во ШСЕ “Фрлогоец“ во близина на селo Добреноец.

Во регионот на Кичево и кичевско не ретки се вакви нарушувања, но со постојано присуство на надлежните шумочувари се спречуваат поголеми штети, а ЈП Национални шуми континуирано ги продолжува контролите за сузбивање на ваквите криминални дејствија во шума со засилен интензитет на територијата на целата држава.
Сите сторители на ваквите бесправни дејства ќе бидат најстрого казнети.