Борба за Влае: Собираме потписи против бетонизацијата

Едни од најубавите работи во Влае, јавниот простор и зеленилото, за жал пополека ни се одземани, велат жители на скопско Влае. 

За таа цел тие се организираат да го спречат ова. 

Во недела ќе се собираат потписи за да се поднесе петиција до надлежните. 

-Ве молам за поддршка и собирање потписи во недела од 11-14ч на плоштад Делфина. Се бориме против висококатници, бетонизација, уништување на инклузивното игралиште и зеленилото, велат иницијаторите на оваа активност.