Борба за гола егзистенција: Македонци во потрага по работа со бугарски пасош

Бугарското државјанство му ги отворила европските порти на Александар Малденовски.Откако го земал пасошот заминал за Шведска, но се вратил во Македонија.

„Бев решен да заминам далеку од Македонија, да си ја пробам среќата некаде надвор.Не е лесно, го имаш пасошот, но не и работна дозвола за работа во таа земја. Бев информиран дека е потребно да поденсам документи до шведската администрација во градот кој бев за да добија привремен број со кој легално може да си барам работ, но бев известен дека тој процес може и да трае до три месеци.Во меѓувреме почнав да барам работа на црно.Добив понуда за работам во маркет, истовар и редење на роба за месечна плата од 700 евра за дневно обработени 11 часа .Не се нафтив да работам, според моите пресметки од местото каде што бев сместен ќе требаше да давам месечно 130 евра само за превоз, без храна, а каде се другите трошоци, расакжува Александар.

Помина месец, јас се уште го немав добиено бројот, па така се вратив дома.

-Не се откажувам, планирам летово пак да отидам, но овој пат ќе побарам работа од Македонија, за да можа по брза постапка да го добијам бројот, вели Александар.

Колку Македонци имаат и бугарски пасош засега нема точен податок, проценките се движат од 50.000 па дури до над 100.000 граѓани.

-Бугарскиот пасош го земав пред 15 години.Неколку пати одев до Австрија, Норвешка, но тешко беше да се снајдам иако во овие земји имам роднини.Пред 4 години почнав да работам во Германија.Работам во фирма која се занимава со грдежништво, платата ми е 1600 евра, станот го делам со цимери од Македонија, сите имаме бугарски пасош.Овој документ ми помогна во борбата за гола егзистенција, вели Славчо Ѓоргиевски.

Според податоците на Светска банка, од прогласувањето на независноста до 2010 година од Македонија се иселиле над 440 илјади луѓе. Трендот последниве години повторно се засилува. Проценките се дека во последниве 5 години, најмалку по 20 илјади луѓе годишно ја напуштаат земјата.

-Процедурата за добивање државјанство е едноставна.Има луѓе кои посредуваат, но може и самите  да си ги соберете потребните документи и да ги доставите до Бугарската амбасада.Најдобро е да се имате документ кој потврдува дека имате некоја роднинска врска во Бугарија. Тогаш нема да имате никаков проблем, одприлика се чека  две години, вели Славчо.