Бомбици со смокви

Ова е рецептот за вкусниот десерт:

СОСТОЈКИ:

400 гр суви смокви

250 гр шеќер

100 гр мелени ореви

изрендана кора и сок од 1 лимон

50 гр мелени ореви во посебна чинија

30 гр шеќер во посебна чинија

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Смоквите се мелат, па се ставаат во сад со шеќерот, мелените ореви и кората и сокот од лимон.

Сè соединете со лажица, па направете топчиња со рацете.

Убаво поминете ги од сите страни во чинија со шеќер, па во чинија со мелени ореви.