Без брашно и шеќер, ова е нашиот омилен летен десерт.
Јагодите се нашето омилено овошје, а тие се симоболот на пролетта и летото. Ако сакате да направите нешто слатко со јагоди, а сакате да ги избегнете калориите, ова е совршениот десерт.
Потребни состојки:
1 шолја семки од сончоглед
1 шолја овесни снегулки
1 шолја кокосово брашно
1 лажица јаворов сируп или мед
10 јагоди
малку ектраст од ванила (по желба)
Изблендирајте ги јагодите добро, а потоа додадете ги преостанатите состојки. Штом ќе добиете хомогена смеса, оставете го садот во фрижидер барем триесетина минути, а потоа можете да ги обликувате бомбиците.
Чувајте ги во фрижидер и уживајте во вкусот.