Бомба во пекара во Белград - предизвикана е штета

Непознато лице синоќа околу 3 часот фрлило бомба во пекара во Нов Белград, јавуваат српските медиуми.

Во нападот нема повредени, а причинета е материја лна штета поради експлозијата.

Инаку, оваа пекара била многу позната и посетувана во овој дел од градот, а постои повеќе од 20 години. 

Изминатиот период Белград е мета на бројни дојави за поставени бомби во училишта. 

Српската полиција во соработка со Обвинителството за организиран криминал идентификуваа вкупно 19 електронски адреси – 18 адреси на ЏиМаил (Gmail) и една е-пошта на ПротонМаил (ProtonMail), од каде се испратени заканувачките пораки за поставени бомби на различни локации во Србија.