Бомба кај влезот на затворот во Тетово

Недалеку од влезот на затворот во Тетово изутринава е пронајдена бомба, дознава Алсат. Експлозивната направа е неактивирана, а според првичните информации станува збор за бомба кашикара.

Местото го обезбедува полиција и се очекува пристигнување на тимови за неутрализирање на експлозиви.

Мотивот за нејзиното поставување до овој момент е непознат.