Болните не може да влезат на капија на Клиника! (фото)

На влезот на највисоката здравствена установа во земјава Клиничкиот центар "Мајка Тереза" секојдневно се создаваат гужви.

Невиден сообраќаен хаос владее пред главниот влез, а уште повеќе во самиот круг на оваа најголема здравствена установа во земјава. 

Главната улица која води кон двата Ургентни центри, едниот на Хирургија и другиот на Интерните клиники, редовно е блокирана со паркирани автомобили од левата страна, па возилата на брза помош тешко се пробиваат.

Пешаци редовно претрчуваат.На средина на булеварот направен е ургентен премин за болничките возила или за приватно возило кое носи итен пациент, за да можат да го пресечат коловозот и без чекање да влезат во кругот на клиниките, но него често го узурпираат несовесни возачи.Иста е ситуацијата и на улицата која води кон Кардиологија.Секој се паркира каде што ќе најде место, особено кога главниот и споредните помали паркинзи ќе се пополнат, а што се случува уште рано наутро. 

Дополнително што ја отежнува ситуацијата е место за паркинг, билетот за паркинг треба да го однесете до наплатното место за да го поништат, а за да излезете од Клинички треба да возите по еднонасочните улички.