Болните не може да влезат на капија на Клиника! (фото)

Невиден сообраќаен хаос владее пред главниот влез, а уште повеќе во самиот круг на оваа најголема здравствена установа во земјава. 

Главната улица која води кон двата Ургентни центри, едниот на Хирургија и другиот на Интерните клиники, редовно е блокирана со паркирани автомобили од левата страна, па возилата на брза помош тешко се пробиваат.

Пешаци редовно претрчуваат. На средина на булеварот направен е ургентен премин за болничките возила или за приватно возило кое носи итен пациент, за да можат да го пресечат коловозот и без чекање да влезат во кругот на клиниките, но него често го узурпираат несовесни возачи. Иста е ситуацијата и на улицата која води кон Кардиологија.

Секој се паркира каде што ќе најде место, особено кога главниот и споредните помали паркинзи ќе се пополнат, а што се случува уште рано наутро. 

Дополнително што ја отежнува ситуацијата е место за паркинг, билетот за паркинг треба да го однесете до наплатното место за да го поништат, а за да излезете од Клинички треба да возите по еднонасочните улички.