Болниците преполни, училиштата полупразни - вирусите и настинките земаа замав

Болниците се полни со пациенти со компликации од грип. На Инфективна, на Детската клиника и во Козле речиси да нема слободен кревет.

Во моментот на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 27 пациенти, повеќето се со пневмонија, а лекарска помош минатата недела побарале над 100 лица. 

Толкав број на болни деца само минатата ноќ побарале во болницата во Козле, а најмногу работа изминатото денонокие имале лекарите на Клиниката за детски болести.

-Изминанатото деноноќие прегледани се 190 деца, повеќето биле со фебрилни соостојби, а 12 од нив се хоспитализирани, изјави д-р Наташа Алуловска, директор на Клиниката за детски болести, за Сител.

Од клиниката за детски болести апелираат родителите најпро да го консултираат матичниот лекар и да не го носат детето веднаш на Клиника.

Според информации на Сител изминатата недела поради вироси и настинки бил  преполовен и бројот на деца во училиштата.