Болниците ќе останат без економски директори

Министерството за здравство достави до Владата предлог за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита по скратена постапка.

Целта на измените и дополнувањата, како што објаснуваат од министерството за здравство е да се воспостави поефикасно и поефективно организирање на работата во установите со организациска поставеност во која лицето именувано за директор ќе биде одговорно за работата на установата и - да се намалат трошоците поврзани со платите и другите трошоци за работење во јавните здравствени установи- здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт.

-Со Законот за здравствената заштита е уредено, покрај другото, раководењето со јавните здравствени установи. Со член 105 е предвидено во јавна здравствена установа - здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт се именуваат двајца директори и тоа организациски директор и медицински директор кои се одговорни за работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се преземаат во правниот промет во согласност со надлежностите утврдени со овој или друг закон, подзаконските прописи и менаџерскиот договор,. Се вели во објаснувањето за законнските измени доставени до ЕНЕР.

 Досегашното искуство во примената како што велат од Министерството за здравство покажа низа слабости во јавните здравствени установи во кои беа именувани двајца директори заради несоработка на лицата кои беа именувани за директори, при што се јавуваа практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се бара согласност на двете лица.

Министерот за здравство Арбен Таравари нведнаш по неговото назначување најави дека економските директори на скопските клиники што речиси 11 години земаат по 1.500 евра заминуваат во историјата.