Болна старица нападната и ограбена во Чаир

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот Г.С. пријавил дека на улицата „Крсте Асенов“ од страна на непознат сторител физички била нападната 87-годишната С.С. од Скопје која боледува од деменција.

Полицијата информира дека засега непознат сторител ја нападнал старицата, по што насилно и ги истегнал обетките од ушите, при што истата со возило на итна медицинска помош е префрлена во Ургентен Центар Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.