Болен и немоќен коњ оставен на кеј да умре

На пешачката патека на кејот на Вардар вчера попладне можеше да се забележи непријатна глетка.

-Коњот на себе го има истото јаже како на оној пред месец дена што умре кога пробуваа да го спасат наши активисти, љубители и ветеринарот Раде. Животното едвај дишеше, а од устата му излегуваше зелена пенлива течност. Претпоставуваме е на истите сопственици, велат од Анима Мунди.