Боки 13: На 33 години имам рак на желудникот

Судењето за Рекет почна со мал инцидент откако Бојан Јовановски влезе во вербален дуел со обвинителката Вилма Рускоска.

Што ќе ми направите? Ги праша Боки 13 обезбедувачите откако почна да дофрла кон обвинителката Рускоска. „Имам малигнитет, а ме држите во притвор”.

Адвокатот Петкова Катерина побара одложување на рочиштето поради болки.

-Имам малигнитет, откриени при гастроскопија не прифаќам итната помош да ми даде дијазепами. Подобро ќе седам со болки, рече Боки.

Тој утрово бил прегледан од затворскиот лекар кој му измерил притисок, но чуствувал органски болки.

-Мојата здравствена состојба не е добра, имам рак на желудник на 33 години поради прогресија на болеста во притвор, рече Боки откако вчера добил нова дијагноза по извршената гастроскопија.