Боки 13 и Зоки Кичеец во затвор се однесуваат коректно и немаат никакви барања

Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец се во добра здравствена состојба, а од управата на затворот „Скопје“ велат дека нивното однесување е коректно и дека немаат никакви барања, откако во дел од медумите се појави информација дека Боки13 барал да се премести на Психијатрија.

А1.он пишува дека двајцата се во добра здравствена состојба, дека Јовановски минатата недела бил на Ортопедија, а на Кичеец му бил направен зафат.

Од затворот за А1.он велат дека двајцата се однесуваат коректно и немаат барања.

Осомничени се во случајот Рекет за изнуда на пари, за што се појавија и снимки од италијанскиот весник Ла Верита.