Боки 13 барал рекет и за медиумска поддршка за поранешниот кошаркар Владо Илевски

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочеше адвокатот Сашко Бошков кој рече дека со Боки 13 имал неколку средби, а првото било по Генералното собрание на Кошаркарската федерација кое беше неуспешно и побарале поддршка за кандидатот Владо Илиевски.

Втората средба била во ноември 2018 кога му се јавил Владо Илиевски за да се видат со Боки.

Отидовме во 1 ТВ. Боки ме праша дали сум близок со Зоран Митревски и ми посочи дека тој има предмети во СЈО и ми кажа дека може да помогне да нема предмет против бизнисменот. Ми рече ќе може да помогне ама ќе треба да се плати два милиони евра-откри адвокатот за разговорот со адвокатот.

Сашко му кажал на бизмисменот со кој биле кумови и го советувал случајот да го пријави. Тој најпрво се плашел но подоцна случајот го пријавил.