Бојана со прв солистички концерт во Филхармонија, Симон Трпчевски ќе одбележи 25 години врвна кариера

Почна сезоната на концерти за крајот на календарската година. Во претстојните месеци бројни македонски и балкански ѕвезди најавија музички спектакли во Скопје. Ќе има музика за сечиј вкус! Погледнете што се нуди од македонските музички имиња!

Македонската поп дива Калиопи најави втор концерт во Филхармонија, на 6. декември.

Неповторливата Бојана Скендеровски го најави својот прв солистички концерт за 13 декември, исто во Филхармонија. 

Во магичната атмосфера на Филхармонија, на 13 декември од 20 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее Бојана во едно ново светло - интимно, моќно и вистинито, велат организаторите. 

Светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски ќе одржи концерт на 20 декември во арената „Борис Трајковски. 

- На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост, велат организаторите откако минатата година Трпчевски ја преполни салата до последното место. 

Влатко Миладиноски– гласот на македонската народна песна, во придружба на големиот оркестар закажа голем концерт за 28 декември во Арена „Борис Трајковски“. 

На 28. декември е закажан концерт со богатиот репертоар на „Танец” во Националната опера и балет.  Концертот е насловен како „Изворни минијатури” и е повеќе од обична приказна-тоа е враќање кон изворите и никулците од кои р’ти. 

Билетите за овие концерти веќе се пуштени во продажба.