Бојана Скендеровски: Те сакам Скопјенце мое мило, рушено, газено, палено, пљукано, силувано...

Нашата позната пејачка Бојана Скендеровски, на својот ФБ профил, го сподели своето емоционално сеќавање поврзано со земјотресот во Скопје, за кој дознавала од приказната на баба си. 

„И, секој 26 ти јули, прво што ќе се сетам е приказната на баба ми Самоилка за тој ист датум кога се случил овој страшен земјотрес,како беше бабо, раскажи ми, што правевте, како се спасивте, и велев. Нашата фамилијарна куќа се наоѓа тогаш познато како Еврејски гробишта, денес Водно, Црниче…таа ќе почнеше вака:Рано станав,спремав нешто низ куќата, се спремавме за годишен одмор, туку одеднаш тресе, мнооогу силно, Ѓокооо станувај (по дедо ми), децааа будете се, бегајте, брзооо земјотрес, и се симнавме доле, во дворот, уф добро е, надвор сме, е сега нека се сруши куќата ако сака…Скопје го гледавме доле во куп рушевини, и прашина…“ - пишува пејачката во постот. 

„Така едно Скопје какво што го знаеа тие генерации веќе го снема….ја нема ни мојата баба денес, за да ја прашам повторно истото,и никогаш да не ми здосади приказната за мојот град. Те сакам Скопјенце мое мило, рушено, газено, палено, пљукано, силувано, ти си мојот град,и не би те менувала за ниеден град“, напиша Бојана во својата објава по повод денешниот датум - 58 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.