Бојана Скендеровски со емотивна објава за Илинден: Македонија - исто време си и болка и среќа!

Познатата македонска пејачка Бојана Скендеровски со порака по повод големиот празник Илинден. 

Емотивно се обрати кон својата татковина, Македонија! 

- Македонија…најопеаната, најоплакуваната и најсаканата земја на светот. Во исто време си и болка и среќа, зошто така е пишано, ништо да не бидеме, ти без мене, јас без тебе, напиша Бојана на својот Инстаграм фрофил каде сподели фотографии како позира во Музејот на Македонската борба. 

Се пофали и дека носи модел инспириран од крој на кошула од македонска народна носија.