Македонската пејачка Бојана Скендеровски, која инаку е и менаџер на проектот„Македонијо, во срце те носиме“, се огласи во врска со информациите во јавноста за нејзиниот хонороар за настап во Неготино.
Како што беше објавено вчера, истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажало дека Бојана примила хонорар од 13.000 евра за настап, но ова го демантира Скендеровски.
- Тенденциозно или не, не знам…Но, одреден центар за комуникации објави дека јас лично сум една од најплатените пејачи во Македонија, со цифра која никогаш за себе лично во моментов не би можела да ја добијам, не само јас туку било кој мој колега. Се работи за исплата на проект менаџер на цел проект и концерт на 13 македонски изведувачи! - вели пејачата во објава на својот фејсбук профил.