Бојана го победи ракот и заѕвони на ѕвончето во Детската клиника во Скопје

Кога некое детенце ќе се избори со ракот, тогаш срцето ни е полно. Овојпат Бојана е нашиот јунак на денот.

Од Здружението за поддршка на децата болни од рак, САНО, информираат за извојуваната битка на малата и храбра Бојана со видео снимено на Детската клиника во Скопје.

- Една кротка убавица, покажа дека е лавица.
Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш се што сакаш.
Бојана само посакај!
Бојана е една од децата кои победија карциномот!