Богов ја предаде гувернерската фотелја

Официјално Македонија ја доби првата дама гувернерка која ќе треба да ја управува Централната банка.

Следните седум години, НБРМ ќе биде предводена од првата жена – гувернер, Анита Ангеловска Бежоска која од мнозинството во парламентот,  беше избрана за прв човек на оваа, со закон дефинирана, независна институција.

Анита Ангеловска Бежоска доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија и според Иванов е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Ангеловска-Бежоска има деветнаесет  години работно искуство, главно во областа на монетарната политика, макроекономската политика воопшто, фискалната политика и управувањето со јавните финансии.