Богоев потенцира дека најстрого ќе бидат казнети сите несовесни граѓани кои ќе се обидат да фрлаат шут, градежни материјали, ѓубре од домаќинство или да палат отпад на отворено.

За ова, како што рече, ние, заедно со Град Скопје и со Државниот инспекторат за животна средина и сите надлежни институции ќе бидеме без никаква толеранција за нарушувањето на законот и со тоа загадувањето на воздухот и на околината.