Богоев на форум за здрава животна средина во Виена

Општина Карпош е единствената локална самоуправа во државата во која се спроведува проектот „INHERIT 2020 HORIZON“ – Прашалник за здрава населба, во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Во рамки на овој проект се одржува Форум за заштита на животната средина, во Виена, Австрија, на којшто учествува градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претставник од Институтот за јавно здравје,  д – р Драган Ѓоргев. Тие на учесниците на Форумот им образлужија за   начинот на кој се спроведе проектот во Карпош, резултатите од него и перцепцијата на граѓаните и локалната самоуправа за корисноста од него.

За време на панел дискусијата, Богоев се осврна на важноста на Прашалникот за Општина Карпош. Конкретно, граѓаните имаа можност преку електронски пат  (на http://karpos.gov.mk/page/prasalnikzazdravanaselba) да ги даваат своите забелешки за квалитетот на живот во нивната населба, зеленилото, инфраструктурата, сообраќајот, социјални аспекти од живеењето и сл.

-Сумираните резултати, сугестиите и идеите ќе бидат земени предвид при креирање на новиот Буџет за 2019 година, со што, на директен начин ќе се  зголеми и граѓанското учество во креирање на локалните политики и финансирање на нивните потреби за здрава животна средина, рече Богоев пред присутните. Прашалникот за здрава населба придонесува Општината и општинската администрација да бидатпоинформирани за вистинските потреби на граѓаните.

Во рамки на Форумот во Виена, градоначалникот Стефан Богоев се сретна и со свои колеги од Европа, при што размени повеќе идеи за правилно управување со отпад и негово паметно искористување. На Форумот се одржуваат и сесии за правилен и одржлив развој на градовите, за обновливите извори на енергија, за зелените површини, за јавниот превоз, како и други области од значење на локалната самоуправа.