Богоев на фејсбук: Изгубивме вредна личност, си отиде највредниот „мајски цвет“

Денеска згасна животот на нашата Ангела Ангеловска Усовска, директорка на детската градинка „Мајски цвет“. И јас и општината ќе ја паметиме пред сѐ како извонреден човек, ведра личност и голем работник, напиша на фејсбук градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Дане беше Ангела немавме да имаме и толку успеси на полето на детската заштита и предучилишното образование во Карпош, додаде Богоев. 

Заедно го отворивме објектот „Јасмин“ во Тафталиџе 2, а минатата година ја реконструиравме и „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Секогаш насмеана, многу креативна и ненаметлива… Чекор пред времето, како во воведувањето на здраво мени по градинките и современи дидактички материјали, така и во односот со кадарот, родителите, со сите нас. Ангела, ти благодарам за тоа што ми беше соработник. Чест ми беше што те познавав и што заеднички сработивме многу. Си отиде највредниот „мајски цвет“, но ги повикувам сите вработени во градинките да го продолжат нејзиниот пат, да се грижат за дечињата и условите, како што Ангела тоа го правеше, стои во објавата на Богоев.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Stefan Bogoev (@sbogoev)

Тој изрази искрено сочувство до семејството.

Загубата е голема. Ангела зад себе остави резултати за два животи, кои се вредни за целата заедница. Јас лично, но и општината остануваме на располагање на семејството, додава градоначалникот.