Богдановиќ: Не се плашам од загадениот воздух, тоа не се решава од денес за утре

Oпштината Центар за време на зимските месеци е една од најзагадените во Скопје. Градоначалникот Богдановиќ за овој проблем вели дека не се решава веднаш.

- Не се плашам од загадениот воздух. Се трудиме да ги искористиме сите наши мерки и ингеренции коишто ни стојат на располагање за да се бориме. Сепак, тоа е процес кој не се решава од денес за утре, порача Богдановиќ.