Богдановиќ: Ќе мора да се издаде одобрение за градба кај „Холидеј ин“

Доколку нема правни механизми и опции, Општина Центар ќе мора да го издаде одобрението за градба за проектот кај „Холидеј ин“, рече во вчерашното гостување на „Телма“ градоначалникот Саша Богдановиќ.

Единствен начин да се спречи градењето е мораториумот, а ние од Општина Центар, по одлуката на Уставниот суд, повеќе немаме ингеренции. Ние како општина ќе ги бараме сите правни механизми. Ако се докаже нешто спорно евентуално, тогаш целосната постапка ќе мора да сопре. За жал, одлуката во ваква ситуација, односно одобрението за градба, ќе биде легално, рече градоначалникот на Центар.