Денеска, делегација на Општина Центар, Сараево (Босна и Херцеговина), предводена од Градоначалникот Неџад Ајнаџиќпристигнa во официјална тридневнапосета на Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Посетата на Градоначалникот на Центар, Сараево Неџад Ајнаџиќ е прва од ваков тип, по потпишувањето на Меморандумот за сорабока помеѓу двете општини, мината година во март, кога Градоначалникот Саша Богдановиќ ја посети Општина Центар, Сараево.

За време на својот престој, Градоначалникот Саша Богдановиќ и Градоначалникот Неџад Ајнаџиќќе остварат неколку формални средби на кои е предвидено да се разгледаат можностите за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете општини, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес.

Областитеза соработка за кои ќе разговараат двајцата градоначалници се во насока на регионален економски развој преку зајакнување на локалните самоуправи и меѓуопштинска соработка, соработка во образованието преку размена на најдобри практики и размена на ученици и наставнички кадар, Евроинтеграции на Западен Балкан-Придонес и Бенефит за локалните самоуправи, како и зголемено регионално користење на ЕУ фондови. Дополнително градоначалниците ќе разговараат и за развој на локалниот туризам, со посебен акцент на старите чаршии во Скопје и Сараево.

Во рамките на посетата, предвидено е и разгледување на новото основно училиште во населбата Капиштец, прошетка низ центарот на Скопје и старата скопска чаршија.