Богата програма за најмладите од Гази Баба по повод Денот на шегата

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски најавува незаборавна забава за сите дечиња по повод претстојниот Ден на шегата, на плоштадот во Автокоманда.

-Со посебно задоволство, сакам да ја најавам Априлијадата 2023 под мотото “Сите под маски”. Најавувам незаборавно дружење за нашите најмили дечиња со Светот на Биби, Поточиња, кловнови и омилените детски ликови од цртаните филмови. Ве повикувам да ги маскирате Вашите дечиња, бидејќи 1ви Април, е денот кога секое дете живее во улогата од својот сон, објави Стефковски.