Богата предновогодишна забава во Скопје - Џибони и Жељко Јоксимовиќ во иста вечер

Богата предновогодишна забава е најавена годинава во главниот град. Домашни и регионлани ѕвезди ќе можат да ги забавуваат Македонците. 

На 23 декември во МОБ свој музички концерт ќе одржи  српската поп-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ , а истиот ден во ВИП Арената Борис Трајковски ќе биде хрватскиот кантавтор Џибони заедно со Влатко Стефановски Трио и „Фанк шуи“. 

Се очекува салите да бидат полни и на едното и на другото место, а на вас останува да одлуите каде ќе се појавите и со која ѕвезда ќе се забавувате.