По повод Денот на Општина Ѓорче Петров, синоќа се одржа фестивалската вечер „Звуци на културата“.
Со богата музичка програма се одбележа денот на Општината, а градоначалникот се заблагодари до сите учесници.
-Сакам да изразам голема благодарност до сите изведувачи и групи кои настапија на фестивалската вечер " Звуци на културата" по повод Денот на Општината. Прекрасна вечер која започна со детскиот фестивал "Соната", настапот на учениците од основните училишта, настапот на дечињата од детската градинка. Фолклорот е наша приказна и вечерта настапија КУД Григор Прличев, ЕФЗ Седум осмини, ансамблот Ѓорче Петров. Благодарност и до танцовото студио Бранимир и Бранкица, здружението на пензионери и маестралните Трио Џентлмен кои со емоција ја изведоа македонската химна. Посебна благодарност и до Стојне, Мијата, Даниел Дан и диџеј Горан кои ги забавуваа ѓорчепетровци до доцна во ноќта. - напиша градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.