Богата музичка програма на „Звуци на културата“ во Ѓорче Петров

По повод Денот на Општина Ѓорче Петров, синоќа се одржа фестивалската вечер „Звуци на културата“.

Со богата музичка програма се одбележа денот на Општината, а градоначалникот се заблагодари до сите учесници. 

-Сакам да изразам голема благодарност до сите изведувачи и групи кои настапија на фестивалската вечер " Звуци на културата" по повод Денот на Општината. Прекрасна вечер која започна со детскиот фестивал "Соната", настапот на учениците од основните училишта, настапот на дечињата од детската градинка. Фолклорот е наша приказна и вечерта настапија КУД Григор Прличев, ЕФЗ Седум осмини, ансамблот Ѓорче Петров. Благодарност и до танцовото студио Бранимир и Бранкица, здружението на пензионери и маестралните Трио Џентлмен кои со емоција ја изведоа македонската химна. Посебна благодарност и до Стојне, Мијата, Даниел Дан и диџеј Горан кои ги забавуваа ѓорчепетровци до доцна во ноќта. - напиша градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.