Богат омлет на медитерански начин

Уживајте во вкусен оброк со многу зеленчук и парчиња колбаси. 

Состојки:

Четири јајца
100 гр колбас
Еден црвен кромид
25 мл бело вино
Една црвена пиперка
Неколку шери домати
Спанаќ или рукола
Фета сирење

Подготовка:

Исецкајте ги зеленчукот и колбасот и пропржете ги заедно на малку мсло, а потоа додадете го виното. Динстајте додека не испари течноста. 

Изматете ги јајцата, префрлете ги во нелеплива тава и кога ќе почнат да се запржуваат ставете ја смесата со зеленчук и колбас. Пржете уште малку, па поклопете со капак за да се зготват јајцата целосно.