Богат избор од сезонско овошје и зеленчук на зелените пазари- цените пристапни за купувачите

Во  втората половина на месец мај на зелените пазарите, најзастапен зеленчук е пролетната зелка, краставицата, младиот компир и  зелената салата  додека од овошјето доминантни се јагодите и црешите, а ги има и праските и кајсиите.

Изминатата недела беше карактеристична со понуди на богат избор од сезонско овошје на зелените пазари.

Цената на пролетната зелка се движи од 15 до 20 денари. Килограм спанаќ можете да најдете за 50 денари, а исто толку чинат и доматите и пиперките. Младиот кромид е 20 денари, а исто толку чини и килограм моркови. Марулата чини 15 денари. Цената на овошјата е малку повисока. Килограм цреши и јагоди чинат по 70 денари, додека пак праските и кајсиите се по 100 денари. Килограм јаболко ќе ве чини околу 60 денари.

Продавачите велат дека цените не се многу високи, но сепак луѓето купуваат по еден килограм, додека пак за купувачите цените се големи, но сепак делат од својот буџет за купување на свежи производи.

Пролетниот мраз кој што ја зафати земјава, дополнително придонесе за покачување на цената на одредени сезонски производи.