Богат или сиромашен декември? Што ги очекува хороскопските знаци овој месец на тема пари

 

Погледнете што ви подготвија ѕвездите на полето финансии за последниот месец од 2022.

Овен

Месецот за вас не почнува добро. Како стално некаде да ги губите парите, а никако не можете да согледате каде. Можно е да изгубите и некој поголем износ пари или да заборавите да подмирите некој важен долг. Само останете со ладна глава и ќе го поминете декември без некои поголеми губитоци.

Бик

Се однесувате како милјардер. Ги сакате и празниците, но сакате и да ги направите луѓето среќни, па така веќе во првите две недели од месецот ќе купувате беспотребни подароци. До 20 декември ќе бидете невнимателни со парите, па затоа е можно веќе на крајот на месецот да морате да позајмите некој денар.

Близнаци 

За некоја поголема инвестиција размислувате веќе неколку недели, а декември е месецот кога истата ќе ја реализирате. Клучен период за вас е околу 19 декември, па затоа тогаш со сите сили фокусирајте се напостигнување на целта.

Рак

Минатите неколку месеци потрошивте повеќе од планираното, па во декември треба да бидете повнимателни. Марс во Стрелец и Меркур во Рак ви носи многу посмирен пристап, повеќе размислување и пологични постапки во работењето со парите.

Лав

Во декември може да очекувате поголем трошок поврзан со автомобилот или станбениот простор. Вдишете длабоко и потрошете ја таа сума сметајќи дека тоа ќе ви биде инвестиција за цела наредна 2023 година. Најдобро е да го завршите тоа до 4 декември бидејќи тоа е совршен период да се постави темелот на новите почетоци.

Девица

Ќе имате помалку пари од минатите месеци ако не успеете да ги решите сите проблеми. Кога ќе дојдат празниците, сите трошиме на подароци, а вие сакате се да ви биде средено однапред. Така ќе изгубите пари, посебно до 15 декември, па затоа почекајте попусти и бирајте паметно.

Вага

Годината не ви беше сјајна, а во декември ќе мора да бидете уште повнимателни. Сумата која ја издвоивте за заштеда полека се „топи“, но не грижете се, на крајот на месецот ќе добиете неочекувана прилика да ја поправите ситуацијата.

Шкорпија

Во ноември имавте повеќе трошоци, поради што во декември влегувате малку повнимателно. Но, не грижете се. Во текот на целиот месец ќе имате пари во изобилство, а околу 15 декември можна е неочекувана добивка.

Стрелец

Бидејќки никој како Стрелците не сака да им удоволи на своите најмили, во декември ќе останете со празни џебови. Целиот месец ќе трошите на ситници, подароци, украси, родендени, што може да биде причина малку и да претерате во желбата да го  направите среќен оној што го сакате.

Јарец

Додека сите околу вас ги обзема празнична еуфорија, вие штедите и мудро го планирате патувањето што одамна го посакувате. Со парите ќе биде рационални, а ѕвездите ви предвидуваат дополнителна добивка кон средина на месецот која дополнитено ќе ве насочи кон целта.

Водолија

Бевте многу внимателни со парите и време е да се почастите на крајот на годината. Вистински момент е да се почастите со некој скапоцен подарок, а ѕвездите ви порачуваат дека идеален период да ги искористите моментот е по 19 декември.

Риби

Финансиската ситуација е подобра од минатиот месец. Ќе бидете стабилни цел декември, но веќе правите планови во главата што е наредно на листата за 2023.главно тоа се работи поврзани за домот, а меѓу нив има и поголеми вложувања. Направете план и консултирајте се кој е најдобриот начин за заштеда.