Бог не венчава џабе: Поп за 6000, оџа за 1000, а свештеник за 700 денари

Во Македонија, речиси секој град има барем по некој различен обичај кој се прави пред или за време на свадбата. Често младите и не знаат што мора, што треба и каде – како се изведува. Но, она што ги обединува сите е верувањето во среќата и традицијата.

Покрај обичаиите, младенците својот брак законски и верски го означуваат во матично и во црква. Доколку младенците решат да ја посетат матичната служба на денот на венчавката плаќаат 150 денари на уплатница, а доколку сакаат матичарот да биде присутен во ресторанот каде ќе биде веселбата од понеделник до петок и првата работна сабота, по 16:30 часот, до 10 километри од матичното подрачје ќе треба да платат 3.300 денари. Во саботите и неделите, како и за време на државните празници или други неработни денови, под истите услови, сумата на надоместокот е 6.600 денари.

По Матичната служба доаѓа закажувањето за венчавање во црква. Во скопската епархија венчавка со еден свештеник чини 6.000 денари, венчавка со тројца свештеници 7.000 денари.

- Мојот син ќе се венча во црквата Св. Димитрија, ни рекоа дека ќе треба да платиме симболична сума ни помалку ни повеќе без малку 100 евра и тоа со еден поп. Додека свештеникот онака полн со божји глас ни рече дека 3 попа е подобро посвечено, од кога верата е толку скапа?, вели Светлана.

Покрај плаќањето на овие верски обреди кумовите треба да купат свеќи задолжитлно од црквата во која ќе се венчаат младоженците,платно –материјал со кое се врзуваат рацете на малдениците додека свекрвата носи погача, бонбони со пченица и вино.

Познато е дека во Скопје во црквата „Св. Троица“  во Маџир Маало, за вакви врески обреди не се наплатува, дури и свеќите се бесплатни. Оваа православната црква е возобновена во 2015 година, а е осветена од страна на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан Црквата се наоѓа на темели од претходно разрушен храм во 1503 година. 

Муслиманите и католиците овој чин ги чини поевтино. Оџата за венчавка наплаќа 1.000 денари, а католичкиот свештеник само 700 денари.