„Бмв“ удри во ограда, па излета од пат - Повредени возачот, малолетник и уште едно лице

 

Три млади лица, од кои еден малолетник, се пренесени на скопските клиники откако со возило удриле во ограда, па излетале од патот. 

- На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на село Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од село Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил соаптникот Е.К.(20), сите од село Палатица, констатирани во Ургенетен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.