БМВ излета од пат и удри во ограда, момче тешко повредено

Момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која синоќа околу 30 минути по полноќ се случила на локалниот пат во село Лешок.

Од МВР информираат дека А.С. (26) од село Слатино управувајќи автомобил „БМВ“ со скопски регистерски ознаки излетал од патот и удрил во дрво и ограда од куќа. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот Џ.Г. (23) исто така од Слатино.

На повредено момче му е укажана лекарска помош во тетовската болница, од каде поради сериозноста на повредите е препратено во Ургентниот центар во Скопје. На местото на несреќата извршен е полициски увид.