„Бмв“ излета кај Мирковци: Повредени двајца мажи и три деца

42-годишен возач од скопско завршил со тешки повреди откако со „бмв“ излетал од пат кај клучката Мирковци. Повредени се и неговите сопатници, од кои тројца малолетници. 

- На 10.05.2026 околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на град Скопје, клучка Мирковци, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Р.Н. од село Кондово, скопско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници С.Н.(40) и тројца малолетници, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.