Блокирани сите улици: Не се стига од Карпош до Ѓорче

Повторно е блокиран булеварот “Партизански одреди” на потегот од трговскиот центар Сити мол до Ѓорче Петров, поради изведба на градежни работи.

Блокирани се и алтернативните патишта, со гужва во сообраќајот. Растеретување на гужвата се обидува да направи полицијата, но залудно.

Во наредниот период треба да започне реконструкцијата и на преостанатиот дел на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, поточно делницата од мостот Влајко до мостот Обединети нации.