Сметката на Јавното сообраќајно претпријатие е блокирана поради долг кон добавувачот на нафта за автобуси. Ваквата информација ја потврди директорот на јавното претпријатије Драги Кушевски пред почетокот на вонредната седница на Град Скопје на која советниците расправаат за предлогот за зголемување на цената за изминат километар за приватните автобуски превозници.
„Оваа блокада нема да има импликации врз тендерот за набавка на гориво и платите на вработените“, рече Кушевски.
Директорот посочи дека не ја знае точно сумата која ја должи ЈСП кон добавувачот.