Блокиран влезот на Скопје - километарска колона во Автокоманда

Километарска колона од автомобили на влезот на Скопје. 

Блокиран е влезот на градот од автопатот пред Автокоманда и улицата Благоја Стефковски во Маџари.

Колони возила има и во двата правци.

Од СВР Скопје за 1-ва скопска велат дека причината за метежот кој трае неколку часа е изведување градежни работи на бул. Александар Македонски, па поради тоа се пренасочувал и сообраќајот.