Блокиран сообраќајот кај Влада

Денеска претпадне регистриран е застој во сообраќајот на булеварот „Илинден“ пред Владата на Република Македонија.

Во Скопје денеска се очекува голем сообраќаен метеж, особено во поладневните часови, за кога е закажан состанокот на лидерите на земјите во процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин ќе биде претседателот Иванов.

Како што најавија од претседателскиот кабинет, на состанокот ќе присуствуваат претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателите на Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, бугарскиот премиер, Бојко Борисов, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ.

Поради гостувањето на шефовите на држави во Скопје одреден е прв степен на безбедност и тоа од копно и од воздух. Хеликоптери ќе го надлетуваат главниот град, а ќе има и посебен сообраќаен режим на неколку булевари.

Состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство.

Утрово, претседателот на Европскиот совет, Туск, со висока делегација ја посети Владата на РМ каде одржа средба и прес-конференција со премиерот Зоран Заев.