
Стравична сообраќајна несреќа се случи денеска на скопската обиколница, во близина на Стајковци, каде според првичните информации се судриле повеќе возила – товарен камион, комбе пикап и патнички автомобил.
На терен веднаш излегегле екипи на полицијата и итната медицинска помош.
Несреќата предизвика сериозен застој во сообраќајот на овој дел од обиколницата, а според објавите на социјалните мрежи на дел од граѓаните кои се затекнале во околината, се вели дека обиколницата во делот кај клучката кон Радишани била целосно затворена.
Според сведоци кои се затекнале на местото на настанот, ударот бил силен, а сцените биле стравични.
Во моментов надлежните служби вршат увид за да ги утврдат причините за несреќата.
Сообраќајот се одвива отежнато и наизменично, а возачите се повикуваат на зголемена внимателност и почитување на сообраќајната сигнализација.
Засега нема официјални информации за повредени лица, но се очекуваат повеќе детали во текот на денот.